Ekipa
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
САНТЈАГО (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле, соопшти американскиот геолошки завод, пренесува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот е на 70 километри од крајбрежниот град Арика, во близина на границата со Перу.
Земјотресот се случил на длабочина од 82 километри и засега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.