свет

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе кинеската провинција Синкјанг

- Во соопштението што го објави Кинескиот центар на мрежата за земјотреси (CENC) се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во рамките на границите на округот Акчи, на границата со Киргистан

Emre Aytekin  | 03.07.2022 - Обновена : 04.07.2022
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе кинеската провинција Синкјанг

ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени денеска го потресе автономниот регион Ујгур во Синкјанг, во северозападниот дел на Кина, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Кинескиот центар на мрежата за земјотреси (CENC) се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во рамките на границите на округот Акчи, на границата со Киргистан.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен вчера го потресе округот Писан во провинцијата Хотан, во југозападниот дел на регионот Синкјанг.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın