свет

Зелено светло за заеднички парламент на Франција и Германија

Националниот Парламент на Франција го прифати Договорот кој предвидува формирање на заеднички парламент, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Yusuf Özcan  | 12.03.2019 - Обновена : 13.03.2019
Зелено светло за заеднички парламент на Франција и Германија

ПАРИЗ (АА) - Националниот Парламент на Франција го прифати Договорот кој предвидува формирање на заеднички парламент, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Собранието го прифати Договорот кој предвидува формирање на заеднички парламент, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји. Претседателот Емануел Макрон, кој е основач на овој договор, го поддржаа владејачката Политичка алијанса на движењето „La Republique En Marche“ (LREM), Демократското движење (MODEM), централно левоориентираната Социјалистичка партија (PS) и централно десноориентираната Републиканска партија (LR).

Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде усвоен и во Федералното собрание на Германија. Во таков случај, се очекува првата седница на заедничкиот парламент да се одржи во Париз на 25 март.

Заедничкиот парламент би се состанувал најмалку двапати годишно, а ќе го сочинуваат по 50 пратеници од двете земји. Договорот овозможува двете земји да се откажат од правилата на националните права во пограничните подрачја.

Ричард Феранд, претседателот на францускиот национален Парламент, во својата изјава го истакна задоволството од прифаќањето на Договорот, истакнувајќи дека заедничкиот парламент ќе обезбеди хармонично функционирање на правото и на двете земји и ќе ја продлабочи билатералната соработка.

Министерката за европски прашања, Натали Луазо, постигнатиот договор го опиша како „храбар избор“.

Лидерот на радикалната левица, Жан-Лук Меленхон, тврди дека усвоениот договор не е во интерес на Франција.

Според Меленхон, со овој договор на сите други земји им се претставува сликата дека „секоја одлука е донесена меѓу овие две земји“, истакнувајќи дека пред потпишувањето на ваков вид договори во Европа, потребно е прво за тоа да се праша народот преку референдум.

Првите чекори за зацврстување на сорабоката меѓу Франција и Германија беа направени на 22 јануари, со потпишувањето на Договорот од Ахен. Договорот предвидува започнување нова ера во соработката во билатералните односи, поставување на партнерството на едно ново ниво и подготовка на двете земји пред потешкотиите со кои би се соочила Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.