Mehmet Nuri Uçar
03 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во саудискиот град Џеда започна вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи, на кој ќе се разговара за таканаречениот Мировен план кој го соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на твитер-профилот на ОИС, во рамки на состанокот ќе се разговара за ставот на ОИС кон таканаречениот Мировен план, како и за палестинското прашање.
Турција на овој состанок е претставена од страна на шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.
„Решавањето на палестинското прашање треба да биде во согласност со меѓународното право, надлежните резолуции на Обединетите нации (ОН) и со Арапската иницијатива за мир“, беше наведено во претходното соопштение на ОИС.