Zehra Ulucak
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
СИДНЕЈ
Во австралискиот град Сиднеј возач во алкохолизирана состојба со возило прегази 7 деца на тротоар, при што 4 деца ги загубија животите, а 3 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата соопшти дека Самуел Дејвидсон (29) со своето возило удрил во децата на тротоарот кои оделе да купат сладолед.
Во несреќата животот го загубиле три братчиња и сестрички на 9, 12 и 13-годишна возраст и едно дете на 11-годишна возраст кое им било блиска роднина. Повредените деца, од кое едното се наоѓа во тешка состојба, се префрлени во блоница.
Дени Абдалах, таткото на починатите деца, за новинарите изјави „Сѐ што сакам да кажам е дека ги молам возачите да бидат повнимателни. Овие деца невино пешачеле. Ова утро се разбудив и загубив три мои деца.“
На местото на настанот е приведен Дејвидсон, а пред судијата ќе излезе на 4 април.
Се истакнува дека во моментот на несреќата количеството алкохол во крвта на Дејвидсон била трипати поголема од законската граница.
Либанската официјална новинска агенција (NNA) објави дека несреќниот настан се случил во подрачјето на Оутлендс во кое претежно живеат Либанци, информирајќи дека починатите и повредените деца се Либанци по потекло.