Cüneyt Karadağ
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
БЕРЛИН
На пристаништето во германскиот град Хамбург запленети се 1,5 тони кокаин кои се наоѓале во брод кој дошол од Јужна Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Царинската дирекција во Хамбург преку соопштение потврди дека се запленети 1,5 тони кокаин во контејнер во бродот кој дошол од Јужна Америка, додавајќи дека станува збор за едно од најголемите количества кокаин запленети на ова пристаниште.
Според германските медиуми, кокаинот со пазарна вредност од околу 300 милиони евра, од јужноамериканската земја Гвајана со бродот именуван „CMA CGM Jean Gabriel“ дошло во Хамбург. Било планирано преку Полска оваа дрога да се дистрибуира низ цела Европа.
Минатата година при рутинска контрола на пристаништето во Хамбург беа запленети 4,5 тони кокаин на товарен брод кој пристигнал од уругвајскиот главен град Монтевидео.