Ekip
10 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот вицепремиер и министер за одбрана Пени Ганц денес изјави дека Израел е погдготвен за војна со Либан, доколку таква војна му се наметне на Тел Авид, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својот брифинг до Комисијата за надворешни работи и одбрана во Кнесет, Ганц предупреди дека таквата војна ќе има сериозни последици врз Либан.
„Додека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е нашиот најголем непријател на северниот дел, тој е најголем проблем на Либан“, изјави тој.
Ганц, исто така, рече дека ситуацијата на Блискиот исток во изминатата деценија е кревка и неизвесна, нагласувајќи дека Израел ќе продолжи со напорите да го спречи Иран да стекне нуклеарна енергија и да делува во Сирија.
Осврнувајќи се на прашањето за Појасот Газа, тој изјави „Израел нема други интереси во Газа освен целосен мир и враќање на нашиот народ.“
Во април 2016 година, палестинската група за отпор Хамас објави дека зела четворица војници во заробеништво криејќи ги нивните идентитети, освен на Орон Шаул, израелски војник, исчезнат во израелската офанзива на Газа во 2014 година.