Ekip
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АМАН
Јорданските власти го ослободија новинарот на АА по негово краток притвор поради следење на протестите на наставниците во северниот дел на градот Ирбид, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лаит ал Џунејди денес изјави дека бил нападнат и малтретиран за време на неговиот притвор.
„Дирекцијата за јавна безбедност во Јордан се извини за тоа што се случи“, рече ал Џунејди, велејќи дека властите го опишале неговиот притвор како „ненамерна грешка“.
Ал Џунејди рече дека неговото ослободување се случило по интервенција на турската амбасада, јорданскиот новинарски синдикат и Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).
Стотици јордански наставници вчера излегоа на простест во Ирбид со барање од властите да ги вратат неодамнешните одлуки против нивниот синдикат и да ги ослободат уапсените членови.
Минатата недела, јавниот обвинител во Јордан нареди суспензија на синдикатот на наставниците, затворање на нивниот штаб и апсење на 13 члена на синдикатот.