Agim Sulaj
10 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 14 пациенти како последица на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 341, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се детектирани уште 172 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со коронавирусот во земјата се искачи на 10.419.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 506 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 41.152 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 6.058 лица. Моментално има 4.020 активни случаи.