Hamdi Yıldız
10 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
КУВАЈТ
Владата на Кувајт соопшти дека има план од земјата да депортира над половина милион странски работници со цел да се отстрани нестабилноста на пазарот на трудот и нивните ефекти врз демографската структура, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката за економија на Кувајт Мерјем ал-Акил во Комисијата за развој на човечки ресурси при Парламентот на Кувајт реализираше презентација во врска со вработувањето на странските работници.
Акил нагласи дека се планира депортирање на над половина милион странски работници, додавајќи дека планот е подготвен со цел отстранување на нестабилноста на пазарот на трудот, вклучувајќи решенија на кус, среден и долг рок.
Според Акил, како решение на кус рок се планира депорација на 360.000 странски работници кои престојуваат во земјата, од кои 120.000 се илеглани, 150.000 се работници на возраст над 60 години или хронични болни, и 90.000 кои се без образование или се неквалификувани работници.
Меѓу другото, Акил истакна дека во рамки на решението на среден и долг рок, ќе се даде задача за давање технолошки услуги во приватниот и јавниот сектор, додавајќи дека се планира спроведување дигитална трансформација.
Покрај тоа, Акил рече дека во приватниот сектор ќе биде поддржано постепено затворање на 160.000 работни места на позициите секретар, сметководство, администрација, право, компјутерски, градежни и машински инженери, истакнувајќи дека се планира на тој начин да се намали и протокот кон државниот сектор.
Од друга страна, претседателот на парламентарната Комисија за развој на човечки ресурси, пратеникот Халил ал-Салих, по состанокот на комисијата истакна дека од владата е побарано да определи датум за регулирање на демографската структура, и да поднесе потребни закони за спроведување на оваа визија.