Mohamad Misto
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Во подрачјето на Источна Гута во Сирија, коешто е под опсада од страна на режимот на Асад, во последните три недели животот го загубија 70 цивили. Во подрачјето избувнаа судири откако војниците на опозицијата возвратија на нападите од страна на режимот, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачјето на Источна Гута, близу главниот град Дамаск, веќе 5 години е под опсада на силите на режимот, а според договорот од Астана беше прогласено за „Подрачје без судири“. Русија, која е гарант за сириските сили на режимот, на 22 јули објави дека е започнат прекинот на огнот. Но, и покрај тоа, режимот продолжува со своите напади.

Според информациите до коишто дојде АА, во нападите на режимот интензивирани во последните три недели, бројот на загинатите се искачи на 70 лица.
Од раните утрински часови, во текот на целиот ден, цел на воздушните напади од страна на режимот се местата Дума и Арбин, појасите на Мадјара, Хамурије и Земелка, како и градот Џобар.

Центарот за цивилна заштита на Дума соопшти дека животот го загубиле 7 цивили, од кои 5 деца.
Новинарот на АА извести дека поради честите напади во подрачјето, народот од страв не излегува од своите домови.
Од друга страна, опозициските групи ги гранатираа местата Ахрару во Дамаск и Фејлек во Рахман. На тој начин, може да се каже дека е прекинато постигнатото примирје по меѓусебните напади од двете страни.

Силите на режимот вчера на двапати извршија напад со хлорни бомби против опозициските групи на фронтот.
Режимот не ги прекина своите напади ниту за време на последната средба што се одржа на 30 и 31 октомври во Астана, главниот град на Казахстан.
Во нападот на едно училиште, силите на режимот убија 13 цивили, од кои 6 деца.