Mustafa Melih Ahıshalı
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ХЕРАТ (АА) - Во авганистанскиот град Херат се одржаа протести на кои жените бараа заштита на своите права во земјата каде што талибанското движење ја презеде контролата врз институциите и сите поголеми центри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Десетици демонстрантки се собраа во центарот на третиот најголем авганистански град и ги повикаа талибанците и другите релевантни субјекти за идната авганистанска влада да ги заштити правата и слободите на жените.
„Држава која не ги поддржува своите жени не може да биде долгорочна“, беше главната порака што демонстрантите ја испратија од платото пред Канцеларијата на гувернерот на покраината Херат.
Жените во Авганистан бараат да им се заштитат нивните права на образование и работа во сите сектори.