Betül Yürük
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 45 лица ги загубија животите од ураганот Ида, предизвикувајќи силни врнежи од дожд и поплави, кои го зафатија североисточниот дел на САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ураганот Ида, по државата Луизијана на југот од САД, предизвика обилни врнежи од дожд и на североисточниот американски брег, во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Мериленд и Конектикат.

Поплавите се причина за смртта на 13 лица во Њујорк, додека бројката на починати во Њу Џерси надмина 23.
Заедно со починатите во сојузните држави Пенсилванија, Мериленд и Конектикат, поплавите во САД одзедоа најмалку 45 животи.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, информира дека поголемиот дел од смртните случаи се луѓе чии автомобили се поплавени.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и откривање на настраданите во областите погодени од поплавите, се стравува од зголемување на бројката на починати во поплавите.
Во Њујорк, каде што вчера градоначалникот Бил де Бласио прогласи вонредна состојба, метро-станиците беа поплавени и голем број луѓе беа заробени во нив.

Торнадото што се формира во јужниот дел на Њу Џерси ги оштети покривите на куќите и го поплави автопатот во градот Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија.
Обилните врнежи од дожд го поплавија аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси поради што беа откажани голем број летови.
Прекини на електрична енергија почувствуваа повеќе од 200.000 луѓе во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија.