Gökhan Kavak
07 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, ги обвини „надворешните сили“ за неодамнешните терористички напади во неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите, Ахмед нагласи: „Постои економска поддршка од странски сили за терористичките активности во Етиопија. Оваа ситуација предизвикува земјата да биде уништена и поделена.“
Наведувајќи дека Ослободителната армија Оромо (OLA), Ослободителниот фронт Оромо - Шене и Ослободителната војска на Гамбела се одговорни за неодамнешните напади во земјата, Ахмед рече дека овие организации немаат сопствен ум и своја моќ и дека добиваат поддршка од странски сили.
Ахмед, посочувајќи дека како Влада се борат со вооружените групи, рече: „Криминалната организација безмилосно ги убива своите роднини.“
Во последните четири години во Етиопија, во регионите Оромија, Гамбела и Бенишангул Гумуз одвреме-навреме избувнуваат судири.
Во регионот Оромија има чести напади против Амхарите, втората по големина етничка група во земјата.
Властите во Етиопија соопштија дека нападот на бунтовничката група Ослободителна армија Оромо (OLA), Ослободителниот фронт Оромо - Шене и Ослободителната војска на Гамбела врз безбедносните сили на 14 јуни е одбиен.
Во масакрот во Толе Кебеле и Гимби Вореда во регионот Оромија на 18 јуни убиени беа 338 цивили.