1 23
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
РИЈАД (АА) - Околу еден милион аџии муслимани денеска се собраа во долината Мина во Саудиска Арабија надвор од Мека за да го започнат годишниот аџилак, известува Агенција Анадолија (АА).
Дојдени од сите страни на светот, аџиите ќе поминат еден ден и една ноќ молејќи се пред в петок изутрина да се упатат кон планината Арафат лоцирана околу 12 километри од Мека за да започнат со духовното патување.
Тие потоа ќе се вратат во Мина откако ќе ја поминат ноќта во областа Муздалифа на рутата помеѓу планината Арафат и Мина.
Во Мина тие ќе бидат дел од симболично каменување на ѓаволот Џамрат ал Акба и ќе жртвуваат животни за да го одбележат четиридневниот Курбан бајрам кој започнува в сабота.
Аџилакот е „петтиот столб“ во исламското верување, кој треба да го извршат муслиманите барем еднаш во животот, ако се финансиски во можност.
Саудиските власти објавија дека оваа година околу еден милион муслимани ќе извршат аџилак, вклучително и околу 850.000 кои доаѓаат од странство.