Ahmet Furkan Mercan
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Во јапонската префектура Кумамото, во југозападниот дел на земјата, еруптира вулканот Асо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската Агенција за метеорологија информира дека на вулканот еруптирал кратерот Накадаке, во 11:43 часот по локално време.
По ерупцијата, вулканската пепел се издигнала до височина од 3,5 километри над кратерот, распространувајќи се на површина од околу 1 километар околу вулканот.
Јапонската Агенција за метеорологија соопшти дека поради вулканската активност, предупредувањето е подигнато на трето ниво, што е препорака до јавноста да не се приближува до вулканот.
Сместен во префектурата Кумамото, во југозападниот регион Кјушу, Асо е познат како најголемиот активен вулкан во Јапонија.