Ethem Emre Özcan
20 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Извршен е бомбашки напад врз воено возило на режимот на Башар ал Асад во Дамаск, главниот град на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„САНА“, новинската агенција на режимот на Асад, соопшти дека се случила експлозија при поминување на возило што превезувало режимски сили во центарот на градот Дамаск.
Во веста се наведува дека во нападот загинале 13 лица, додека три лица се повредени. Нападот е извршен со две експлозивни направи.