Ruslan Rehimov
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
БАКУ (АА) - Судирите во кризниот азербејџанско ерменски појас во Нагорно-Карабах и понатаму траат, а азербејџанската страна ги обвинува ерменските сили за извршување на артирелиски напади и врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската војска вчера попладне започнала и по ноќта продолжила со артирелиски напади на подрачјето на Тертер.
Во соопштението се наведува дека во ерменските напади се користени различни артирелиски проектили од голем калибар, а дека мети на нападот биле населени места и воените упоришта на азербејџанската војска.
Азербејџанските сили одговорија на нападите на воените позиции од кои ерменските сили вршат напади.
Од азербејџанското министерство предупредуваат дека ерменската страна ќе се смета за одговорна за новите ескалации на судирите.
Судирите во Нагорно-Кaрабах се обновени почетокот на април, кога ерменските сили извршија артирелиски удари на азербејџанските позиции. Во судирите загинаа 16 азербејџански и повеќе од 100 ерменски војници. Примирјето е воспоставено на 5-ти април, но тензиите на линија на разграничување и понатаму се зголемени.
Нагорно-Карабах е регион во Азербејџан кој од 6-ти јануари 1992 година еднострано прогласи независност. Поголемиот дел од населението се Ерменци кои сметаат дека регионот треба да бидел дел од Ерменија. Регионот е под контрола на ерменската војска и сепаратистите од Ерменско азербејџанската војна, која е завршена во 1994 година и во која загинаа 30.000 лица.
Обединетите нации го третираат Нагорно-Карабах како азербејџанска територија, исто така го третира и Европскиот совет.
ОБСЕ уште од 1992 година со цел мирно решавање на азербејџанско ерменскиот спор во Нагорно-Карабах ја основа групата Минск на чело со три држави- САД, Франција и Русија.
Годините на преговори донесоа малку напредок во решавањето на спорот на поранешните членки на Советскиот сојуз.