Nilay Kar
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
КЕЛН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во сабота во германскиот град Келн свечено ќе ја отвори една од најголемите џамии во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната џамија на Келн, изградена од Турско-исламската унија за религиозни прашања (DITIB) по завршување на градежните работи кои траеја осум години, има капацитет од 1.200 лица.

„Ќе биде најважната и една од најголемите џамии во Европа и Германија. Има симболичко значење за муслиманите кои живеат таму“, изјави за новинарите претседателот на Турско-исламската унија, Невзат Јашар Ашикоглу.
„Нашата џамија го симболизира мирот, братството како и културата на соживотот“, вели тој.
Ашикоглу изјави дека оние кои ја посетиле џамијата се импресионирани од внатрешниот ентериер на џамијата во која претежно се користени селџучки мотиви.

Џамијата има девет влеза, а на средината од својата купола има месечина и ѕвезда.
Во комплексот, кој се простира на површина од 17.000 метри квадранти, се наоѓа шопинг центар, сала за изложби и семинари, конференциска сала со капацитет од 600 луѓе, библиотека, канцеларии и паркинг.
Германија, земја со над 81 милиони жители, е втора по бројност на муслиманската популација во Западна Европа, по Франција.
Од околу 4,7 милиони муслимани кои живеат во Германија, три милиони се со турско потекло. Многу од нив се втори или трети генерации на турските семејства кои мигрираа во Германија во1960-тите години и за кои се вели дека се добро интегрирани во земјата.