свет

Експлозија на гасовод за природен гас во кинеската провинција Хубеи: 11 загинати

- Најмалку 11 лица загинаа во експлозијата на гасовод за природен гас во кинеската провинција Хубеи

Nuri Aydın  | 13.06.2021 - Обновена : 14.06.2021
Експлозија на гасовод за природен гас во кинеската провинција Хубеи: 11 загинати Фото: Илустрација / АА

ПЕКИНГ

Најмалку 11 лица загинаа во експлозијата на гасовод за природен гас во кинеската провинција Хубеи, известува Агенција Анадолија (АА).

Властите соопштија дека експлодирал гасовод за природен гас во 6:30 часот по локално време во населба во градот Шијан.

Најмалку 11 лица загинаа, а 37 лица се сериозно повредени во експлозијата.

Медицинските тимови информираа дека по експлозијата, 144 лица се пренесени во болница, од кои 37 повредени се хоспитализирани.

Додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да работат на местото на несреќата, постои загриженост поради можноста за зголемување на бројот на загинати.

Сѐ уште нема официјална изјава во врска со причините за експлозијата.

Во Кина, каде што фаталните несреќи се честа појава, несоодветните безбедносни мерки се предмет на критика. Во 2013 година, во градот Кингдао во источниот дел на земјата загинаа 35 лица во експлозија предизвикана од истекување на нафтоводот. Во 2015 година, 173 лица загинаа, а 798 беа повредени во експлозиите што се случија во магацин со хемикалии во пристаништето во Тијанџин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.