Zehra Ulucak
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Панџаб дојде до експлозија во фабрика за пиротехника. Според првичните проценки, во експлозијата животот го загубиле 16 лица, а најмалку 14 се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави НДТВ (NDTV), полицијата на Панџаб соопштила дека во подрачјето на Гурдаспур во попладневните часови дошло до експлозија во фабрика за пиротехника и дека во експлозијата, според првичните проценки, загинале 16 лица.
Полицијата соопшти дека од експлозиајта се ранети 14 лица.
Овластените лица информираа дека од експлозијата и пожарот кој избувнал, се урнала зградата на фабриката, што предизвикало оштетувања и врз околните згради.
Се стравува дека голем број луѓе останале под урнатините на зградата.
За спасувачки активности се ангажирани екипите на Националните сили за справување со катастрофи (NDRF) и Државните сили за справување со катастрофи (SDRF).
Во тек е истрага за откривање на причината поради која дошло до експлозијата.