Kenan Irtak,Hasan Hüseyin Kulaoğlu
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Во центарот на Истанбул одекна силна експлозија, а потоа избувна пожар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во фабриката за пластика во индустриската зона Ататурк денеска одекна силна експлозија, а потоа избувна пожар во кој, според првичните информации од теренот има повредени лица.
На местото на настанот на европскиот брег на Босфорот упатени се бројни противпожарникарни, полициски и други надлежни служби, а со истрага ќе биде утврдена причината на експлозијата која го предизвикала пожарот.