свет

Експлозија во ирачката област Карбала, загинаа 12 лица

- На влезот од градот Карбала, на 54. контролна точка дошло до експлозија на минибус во која животот го загубиле 12 лица, а петмина се ранети.

Arif Yusuf, Ali Semerci  | 21.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Експлозија во ирачката област Карбала, загинаа 12 лица

ИСТАНБУЛ

На југот од Ирак, во областа Карбала, експлодираше бомба поставена во минибус. Во експлозијата животот го загубија 12 лица, а петмина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение објавено од Медиумската мрежа за безбедност, која е дел од ирачкото Министерство за одбрана, се вели дека Обласната дирекција за здравство на Карбала соопштила дека на влезот од градот, на 54. контролна точка дошло до експлозија на минибус во која животот го загубиле 12 лица, а петмина се ранети.

Обласната дирекција за здравство информирала дека дел од лицата што се наоѓале во возилото изгореле, а ранетите се префрлени на лекување во болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.