свет

Нетанјаху бара начин како возврат за оставање на политиката да добие помилување

Израелскиот премиер Нетанјаху истакна дека доколку биде осуден за корупција, ќе поднесе барање да биде помилуван како возврат што ќе ја напушти политиката

Gülşen Topçu  | 21.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Нетанјаху бара начин како возврат за оставање на политиката да добие помилување

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот телевизиски „Канал 13“ објави вест според која премиерот Бенјамин Нетанјаху со месеци наназад на таинствен начин бара начин како да извлече помилување од претседателот на Израел, Рувен Ривлин, како возврат што ќе ја напушти политиката, пренесува Anadolu Agency (AA).

Се тврди дека Нетанјаху на оваа тема се состанал со најмалку едно лице, но тоа лице сметало дека претседателот Ривлин не би ја прифатил понудата.

Покрај тоа, во веста се истакнува дека израелскиот јавен обвинител Авихај Манделблит рекол дека одлучно ќе ја одбие понудата, бидејќи е незаконска.

Се тврдеше дека Исак Херцог, поранешниот лидер на опозицијата, би требало да биде мостот меѓу Нетанјаху и Ривлин, но Херцог тоа го негираше.

- Обвинувања за Нетанјаху

Против премиерот Нетанјаху подигнати се три обвиненија. Едно од нив е истрагата именувана „4.000 броеви“, во врска со корупцијата во телекомуникациите, во која тој е обвинет дека обезбедил финансиски концесии во висина од 276 милиони долари на интернет-страницата „Walla News“, која е дел од медиумската компанија „Bezeq“ на израелскиот бизнисмен Шол Еловиц, како возврат за тоа што нема да бидат објавувани вести против семејството на Нетанјаху.

Во обвинителното „Досие 1.000“ Нетанјаху се товари дека во периодот од 2007 до 2016 година, од бизнисмените на „подарок“ добил пури, шампањ, накит и авионски билети во висина од 283 илјади долари.

Во „Досието 2.000“ против Нетанјаху е подигнато обвинение со тврдења дека „земал мито, извршил корупција и извршил злоупотреба на функцијата“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın