Kaamil Ahmed
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп договорил состанок на кој ќе разговара за понатамошните односи на двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Со Трамп се договоривме за одржување состанок во скоро време, со цел да разговараме за сите важни прашања кои се однесуваат на САД и Израел”, изјави Нетанјаху
Републиканецот Трамп на изборите на 8 ноември ја победи кандидатката од редот на Демократите, Хилари Клинтон, што беше своевидно изненадување за светската јавност.
Неговата победа ја поздравија неколку десничарски политичари во Израел, повикувајќи на преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Нетанјаху имаше „турбулентен однос” со американскиот претседател Барака Обама, најмногу поради продолжување на изградбата на еврејски населби, што меѓународната заедница го окарактеризира како пречка во потенцијалниот мировен договор со Палестинците.