свет

Газа: Израелските војници ранија 74 Палестинци

- Палестинците од 30 март минатата година на границата меѓу Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации „Марш на големото враќање“

Yaser Albanna, Çağrı Koşak  | 21.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Газа: Израелските војници ранија 74 Палестинци Foto: Ashraf Amra - Anadolu Agency

ГАЗА

Израелските војници вчера ранија 74 Палестинци за време на мирниот протест „Марш на големото враќање“ што Палестинците го организираат долж границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се наведува дека израелските војници отвориле оган врз Палестинците кои протестирале на источната граница на Газа, при што се ранети 74 Палестинци, од кои 48 со боева муниција.

Палестинците од 30 март минатата година, на границата меѓу Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации „Марш на големото враќање“. Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.

Во интервенцијата на израелските војници за време на мирните протести, од почетокот на годината досега се убиени повеќе од 200 Палестинци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın