Ekipa
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
БАКУ (АА) - Ерменската Армија, за време на нејзините напади врз Азербејџан, како цел ја имаше и екипата на Агенција Анадолија (АА), која работи во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на АА во раните утрински часови замина на фронтовската линија за да известува за нападите на Ерменија врз цивилните населби во Азербејџан.
Во близина на селото Капан, каде што работеа фоторепортерите, претходно беа забележани две беспилотни летала.
Потоа, екипите на АА и Турската радио-телевизија (ТРТ), кои работеа во регионот, беа цел на ерменските артилериски напади. Нападот беше изведен со повеќе истрели од топови. Една топовска граната падна на далечина од 100 метри од репортерите.
Новинарите се фрлија зад тимското возило и во последен момент се спасија од нападот.
Екипите на АА и ТРТ додека траеа нападите, влегоа во возилото и брзо се оддалечија од местото.
Утрото започнаа судири на фронтот помеѓу Ерменија и Азербејџан, кога ерменските сили отворија оган врз цивилните населби во Азербејџан.