БАКУ (АА) - Азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, соопшти дека во нападите на Ерменија има починати и ранети во нападите на Ерменија и порача дека крвта на загинатите нема да остане самона земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Крвта на нашите шехиди нема да остане на земја. Ги уништивме воените возила на Војската на Ерменија. Ние ja браниме сопствената земјa. Карабах е наш, Карабах е на Азербејџан“.
По нападот што Ерменија го започна против Азербејџан утрово, Алијев се обрати до нацијата.
Посочувајќи дека нападите на Ерменија врз Азербејџан станале континуирани, Алијев потсети: „Во јули, наши цивили беа ранети и една куќа беше оштетена како резултат на артилериските напади на државната граница помеѓу Ерменија и Азербејџан, во правец кон Товуз. Ова е показател за ерменскиот фашизам во иднина.“
Тој нагласи дека сите знаат дека нападите се започнати од страна на Ерменија. „Први што загинаа се граѓани на Азербејџан. Азербејџан му го даде потребниот одговор на непријателот и тие не успеаја да одат ниту еден сантиметар напред. Нападот на непријателот е одбиен и зачуван е нашиот територијален интегритет.“
Потенцирајќи дека Азербејџан има доволно моќ да ја префрли војната на тлото на Ерменија, Алијев подвлече: „Сепак, ние немаме воени цели на територијата на Ерменија. Една од првите цели на Ерменија е окупација на азербејџанските територии. Нивната политичка цел е да се обидат да го ослабат Азербејџан со нови окупации. Окупацијата да ја води политиката.“
Алијев, истакнувајќи дека Ерменија се обидува да ги прикрие економските и социјалните проблеми во земјата, рече: „Ерменија прави сè да го наруши процесот на преговори. Можам да кажам дека успеаја во тоа. Преговорите престанаа поради лицемерниот и неконструктивен став на Ерменија.“
- „Ерменија сака да ги уништи преговорите“ -
Наведувајќи дека Ерменија испратила сепаратистички групи во Азербејџан, Алијев нагласи: „Главниот на оваа група беше заробен од азербејџанската полиција. Изјавите на тоа лице јасно покажуваат дека оваа сепаратистичка група дошла во Азербејџан да изврши терористички акции против цивилите. Денес, Ерменија направи нова провокација против цивилите и нашите војници. Ерменија користи терористи од различни земји против Азербејџан. Ерменија е држава која го спонзорира тероризмот.“
Потсетувајќи дека ерменските официјални лица дале изјави од типот „Карабах ѝ припаѓа на Ерменија“, Алијев рече: „Тоа е лага. Карабах му припаѓа на Азербејџан. Ваквите штетни изјави го нарушуваат и процесот на преговори. Целта на Ерменија е да го наруши процесот на преговори и да го зачува моменталниот статус. Но, лидерите на земјите што се наоѓаат во групата Минск многу пати истакнаа дека статус кво ситуацијата нема да се одржи. Тоа значи крај на окупацијата.“
Алијев, посочувајќи дека ерменските власти дале изјави за создавање „доброволни“ воени групи составени од десетици илјади луѓе, додаде:
„Зошто се создаваат тие и на кого му се потребни? Овие формации беа подготовка на денешните напади врз Азербејџан. Во Обединетите нации изјавив дека Ерменија се подготвува за нова војна. Ерменија мора да биде запрена и ќе биде запрена. Ерменија се обидува да се насели илегално на нашите територии што ги окупираше.“
Алијев истакна дека Ерменија е во сериозна демографска криза поради сериозните социјални и економски проблеми и дека населението во земјата е намалено.
Подвлекувајќи дека Ерменија станала центар на опасност во регионот со својата „лоша политика“, Алијев рече: „Азербејџан само ја брани својата земја. Нагорно-Карабах е историска територија на Азербејџан и тоа е вистината. За ова прашање и меѓународното право е на наша страна. Сите земји го признаваат територијалниот интегритет на Азербејџан. Карабах е наш, Карабах му припаѓа на Азербејџан. Што бара ерменската Армија на нашата земја? Ерменија е окупаторска држава и оваа окупација мора да престане и ќе престане.“
news_share_descriptionsubscription_contact
