Ali Cura
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 20.324, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.151.438, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 7.867 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.151.438.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 99 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 20.324.
Оздравеа уште 3.068 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 943.218 лица.
Во Русија направени се над 45,1 милион тестирања за Ковид-19.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека првиот смртен случај е потврден на 19 март.
Со намалувањето на бројот на новозаразени, во земјата постепено се укинувани мерките воведени за спречување на ширењето на вирусот. Сепак, донесена е одлука за задолжително носење маски и ракавици во затворени простори, како и во простори во кои престојуваат голем број луѓе.
Во земјата на 1 септември започна новата училишна година, а во училиштата е потребно да се носат маски и да се почитува физичкото растојание.