Ali Cura
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија упати апел за прекинување на судирите меѓу Азербајџан и Ерменија и за започнување преговори меѓу страните, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското МНР се нагласува дека состојбата во Нагорно-Карабах одеднаш е влошена.
Се вели дека во тек се интензивни бомбардирања на двете страни долж контактната линија, и дека добиваат вести за претрпени загуби.
„Упатуваме апел до страните за примирје и веднаш да се започне со преговори, со цел стабилизирање на состојбата“, се вели во соопштението.