Betül Yürük
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Администрацијата на Трамп се подготвува да воведе фиксен рок до четири години за визите за странските студенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во американските медиуми, во предлогот поднесен од Министерството за внатрешна безбедност на САД се предлага визата на странските студенти, кои доаѓаат од земјите што го поддржуваат тероризмот и се на листата на Министерството за надворешни работи на САД, да биде ограничена на две години.
Под сегашните услови, странските студенти кои доаѓаат во САД можат да останат во земјата додека да го завршат своето образование.
Во случај на ограничување, студентите ќе треба да наведат причини, како што се болест или друга ситуација надвор од нивна контрола, за да можат дополнително да ја продолжат визата.
Доколку споменатата регулатива стапи на сила, таа ќе влијае на имателите на визи во категориите „F“, „J“ и „I“.
Регулативата се очекува да се примени и за странските новинари што работат во САД.