Burak Bir
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Дипломатска делегација на високо ниво од Египет ќе го посети главниот град на Либија за да ја отвори повторно Амбасадата на оваа земја, изјави либиски официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Либија, Мохамед ал-Каблави, за АА изјави дека делегацијата на дипломати и безбедносниот персонал официјално ќе го посетат Триполи на неколку дена.
Ал-Каблави додаде дека Амбасадата на Египет во Триполи ќе биде повторно отворена денес.
Ова ќе биде втора посета од египетска делегација на високо ниво на Триполи од 2014 година.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен долгогодишниот лидер на земјата, Муамер Гадафи.