Burak Bir
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Сирија рано утринава соопшти дека Израел извршил ракетни напади врз воените точки околу главниот град Дамаск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските воздушни сили извршија ракетни напади врз воени цели околу главниот град во 1:18 часот изутрина по локално време, јави новинската агенција САНА, која е поврзана со режимот на Башар ал Асад.
Во Дамаск, заедно со армијата на режимот, исто така има и припадници на странски терористички организации под команда на Иранската револуционерна гарда.
Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел изврши неколку напади врз силите на Хезболах и сириската војска, поддржани од Иран, тврдејќи дека одвреме-навреме се истрелуваат ракети на неговата територија од Сирија и Голанската Висорамнина.