Mahmoud Barakat
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ГАЗА (АА) - Египетските власти денес вонредно одлучија повторно да го отворат граничниот премин Рафа на три дена со појасот на Газа, кој е под израелска блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терминалот е повторно отворен и така ќе биде три дена по ред” , соопштија граничните службеници на Газа.
Според наводите од соопштението, на студентите, болните и оние од странство ќе им биде дозволено да ја преминат границата во период од три дена. Според сознанијата на АА од местото на настанот, на граничниот премин од палестинската страна во раните утрински часови денес се собрале голем број на луѓе кои сакаат да ја преминат границата.
Податоците на Министерството за внатрешни работи, со кое управува Хамас, велат дека околу 20.000 Палестинци чекаат да го преминат граничниот премин Рафа, кој на жителите на Газа е единствена врска со останатиот дел од светот, а да не е под контрола на Израел.
Од соборувањето на претседателот, Мухамед Морси, во 2013 година со воен пуч, Египет граничниот премин Рафа воглавно го држи затворен.