Adem Şalvarcıoğlu
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 43.000 жители на Индонезија останаа без кров над глава по земјотресот со јачина од 6,5 степени по Рихтер, кој ја погоди областа 130 километри југоисточно од градот Банда Ачех, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици згради се срушени во земјотресот со јачина од 6,5 степени по Рихтер кој го погоди северниот дел на островот Суматра, со длабочина од околу 10 километри, а според пишувањето на локалните медиуми, без кров над глава останаа 43.000 жители.
Според последните информации, во земјотресот во Индонезија загинаа најмалку 102 лица.
Државната агенција за метеорологија и геофизика објави дека во регионот се забалежани уште 69 земјотреси.