Selen Temizer,Halit Süleyman,Mohamad Misto,Adham Kako
10 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Стотици илјади цивили во источниот град Алепо секојдневно се борат за живот под постојани жестоки напади од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници, јавува Anadolu Agency (AA).
Војската на Асад и шиитските милитанти продолжуваат со нападите од воздух и копно од 15 ноември. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во четврток изјави дека режимот во Сирија ги запрел воените акции во Алепо поради евакуација на цивилите, меѓутоа, во овој сириски град не се смени ништо.
Само два ипол часа по изјавата на Лавров, започнаа бомардирањата на силите на Асад и неговите сојузници. Само во последните 24 часа убиени се 935 цивили. Еден од цивилите во Алепо кој секојдневно се соочува со хуманитарната катастрофа, Мустафа Камти, изјави дека во моментот е потребна итна евакуација за 500 лица од здравствени причини.
„Потребно е овие лица да се евакуираат веднаш од Алепо. Убиените се сеуште на местата каде што се убиени. Сеуште не можеме да дојдеме до нив. Нема никој кој би помогнал на ранетите лица на улица, кој би ги спасил. Луѓето умираат и од глад, нема млеко за децата. Луѓето се психички уништени. Чекаме итно решение. Единствена желба е овие лица што побрзо да се евакуираат и да бидат на безбедно” , порача Камти.
Тие се плашат, како тој рече, дека ќе дојде до масакар доколку режимските сили дојдат до нив. И Чиват Рифат изрази загриженост поради невозможноста за пружање на помош на ранетите цивили меѓу кои се наоѓаат и членовите на неговото семејство.
„Вчера еден мој пријател го напушти Алепо, а не можеше да му помогне на сопственикот на куќата и неговите ранети деца со кои живееше”, раскажа Рифат.
Мухамет Ел Ахмед, изјави дека во Алепо пред евакуацијата работеле 26 пекари, а моментално останале само две. Ахмед истакна дека немаат струја ни вода и дека екипите на цивилната заштита работат на извлекување на цивилите под урнатините. Околу 200.000 цивили се наоѓаат под постојан страв од смрт.
Жителите на сирискиот град Алепо, кои се изложени на речиси секојдневни бомбардирања од страна на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и шиитските милитанти, со страв од нов воздушен напад чекаат на евакуација и спас од пеколот во овој град.
Силите на сирискиот режим и неговите сојузници од 15 ноември извршуваат непрекинати напади над источните делови на Алепо. Некогашниот економски и културен центар на Сирија и втор по големина сириски град, стана средиште на настраотните настани и страдања на луѓето во таа земја.
Стотици илјади лица во источниот дел на Алепо подолго од три месеци не можат да ги задоволат основните животни потреби. Во последните три недели, поради режимските напади престанаа да работат сите болници, медицински центри, пекарници и училишта.
Западниот дел на градот го контролира режимот, а источниот опозицијата.