Ibrahim Ramadan,Ali Semerci
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата на Муслиманското братство (Ихван) во Египет соопшти дека работата на организацијата продолжува без проблеми по приведувањето на Махмуд Изет, заменик претседателот на Раководниот совет на организацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Муслиманското братство се истакнува дека се отфрлени обвинувањата против Изет од египетското Министерство за внатрешни работи и дека Махмуд Изет е познат по своето мудро однесување и давање добри совети на луѓето, иако во минатото бил во затвор околу 20 години.
Исто така се наведува дека Изет страдал од одредени хронични болести, дека неговата состојба станала потешка пред една недела, како и дека египетската администрација е одговорна за неговиот живот и неговото здравје.
- Работата на организацијата продолжува без прекини -
Во соопшетнието, во кое се осврнува на иднината на „Ихван“ по притворањето на Изет, се нагласува дека работите продолжуваат непречено и дека ќе се почитуваат принципите на организацијата.
Министерството за внатрешни работи на Египет вчера соопшти дека Махмуд Изет е притворен во источниот дел на главниот град Каиро.
Од Министерството се тврди дека Изет по 30 јуни 2013 година водел многу терористички активности и дека е одговорен за смртта на главниот обвинител, Хишам Берекет, кој го загуби животот во напад со возило бомба во 2015 година.
- Кој е Махмуд Изет, заменик претседателот на Раководниот совет на „Ихван“?
Махмуд Изет е роден во 1944 година, во Муслиманското братство („Ихван“) се приклучи во 1963 година. Изет во 1965 година беше уапсен за време на владеењето на поранешниот претседател Џемал Абдунасир и осуден на 10 години затвор.
Тој е избран за член на Раководниот совет на „Ихван“ во 1981 година.
Стотици функционери и членови на „Ихван“ беа уапсени по државниот удар во 2013 година против демократски избраниот претседател на Египет, Мухамед Морси, кој почина во затвор минатата година.