Mahmoud Barakat
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
КАИРО (АА) - Околу 33.000 древни артефакти се изгубени во претходните педесет години во Египет, соопшти египетското Министерство за антиквитети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството соопшти дека ќе соработува со Меѓународната организација за криминалистичка полиција (ИНТЕРПОЛ) и со останатите меѓународни тела во обид да се пронајдат изгубените антиквитети.
Во соопштението не е наведено како тие предмети се оттуѓени, но наведено е дека некои од нив исчезнале за време на народното востание во 2011 година, кога беше соборен поранешниот претседател Хосни Мубарак.
Египетската цивилизација е една од најстарите на светот, а туризмот е една од најважните стопански гранки и извори на приходи во египетската држава.