Ekipa
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
МОСКВА (АА) - Официјалниот став на Русија е дека е против натамошното заострување на санкциите против Северна Кореја, предупредувајќи дека економскиот притисок врз Пјонгјанг го достигна лимитот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не можеме да ги поддржиме идеите на некои од нашите партнери за економско задушување на Северна Кореја со сите негативни и трагични последици врз народот на оваа земја“, рече во средата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров пред новинарите во Москва изјави дека потенцијалот на економскиот притисок практично е исцрпен, и ја нагласи потребата да се поттикне политичко решение.
Тој повторно го упати повикот на Кина и Русија до САД да го откажат одржувањето на годишните воени вежби со Јужна Кореја, а Пјонгјанг за возврат да ги прекине своите ракетни и нуклеарни проби.