Mustafa Keleş
17 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 37 лица загинаа во судирите меѓу вооружените затвореници и силите за безбедност во затвор во јужниот дел на Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на провинцијата Амазонас, Либорио Гарула истакна дека силите за безбедност извршиле упад во затворот со цел повторно воспоставување контрола врз установата, која веќе со недели е под контрола на затворениците.
Тој рече дека притоа дошло до судир помеѓу безбедносните сили и затворениците, и дека загинале најмалку 37 лица.
Гуарула истакна дека во затворот во градот Пуерто Ајакучо се наоѓаат 110 затвореници кои чекаат судење.
Од обвинителството на земјата беше најавено дека за време на судирите загинаа најмалку 14 членови на безбедносните сили.
Вкупниот капацитет на затворите во Венецуела е 16.000, но, сепак во нив има околу 50.000 луѓе. Слични судири се случија и во 2013 година, кога загинаа најмалку 61 лице.