Erdoğan Çağatay Zontur
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
КАИРО (АА) - Најмалку осум полицајци се убиени во напад на контролен пункт во египетскиот град Синај, известија денес државните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Група терористи денес нападнаа воен контролен пункт во северозападниот град Ариш. Дојде до размена на оган“, објави новинската агенција „Блиски Исток“.
Се додава дека во нападот загинале пет терористи и осум полициски службеници.
Од февруари минатата година египетските безбедносни сили спроведуваат опсежна акција против, како што велат, „терористичките групи“ со седиште во Синај и Западната Пустина.
Синајскиот Полуостров е епицентар на милитантните бунтовници од средината на 2013 година, кога првиот демократски избран египетски претседател Мухамед Морси е соборен со воен удар.