свет

Сирија: Во нападите на режимот на Асад за време на Бајрам загинаа 5 цивили

Според информации добиени од локални извори, во воздушните напади во селото Кефер Авид во Идлиб животот го загубиле 5 цивили, од кои поголемиот дел биле деца

Ekipa  | 05.06.2019 - Обновена : 06.06.2019
Сирија: Во нападите на режимот на Асад за време на Бајрам загинаа 5 цивили

ИДЛИБ (АА) - Пет цивили ги загубија своите животи како резултат на нападите од воените авиони на режимот на Башар ал Асад во Сирија, за време на вториот ден од празникот Бајрам, пренесува Anadolu Agency (AA).

Режимот на Асад од утринските часови врши копнени и воздушни напади во населеното место Кенсафра, и селата Ет Тух, Дер Сунбул и Кефер Авид, кои се наоѓаат во деескалационата зона во Идлиб. 

Според информации добиени од локални извори, во воздушните напади во селото Кефер Авид во Идлиб животот го загубиле 5 цивили, од кои поголемиот дел биле деца. 

- Сосотојбата во деескалационата зона во Идлиб -

Идлиб, кој се наоѓа во северозападна Сирија, од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција. Во моментов, популацијата на Идлиб, вклучувајќи ја и внатрешната миграција, достигнува 4 милиони луѓе. Во март 2015 година премина под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот. 

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област. 

Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Со ист интензитет продолжуваат нападите кои се зголемија за време на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан. 

Изворите од Цивилната одбрана истакнаа дека во воздушните и копнените напади извршени во мај во Идлиб, од страна на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран и Русија, загинаа 231 цивил, меѓу кои 59 деца, а 659 цивили биле повредени. 

Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите се причина за принудно раселување на над 553.000 цивили. 

Режимот на Асад, со воздушна поддршка на терористичките групи поддржани од Иран и Русија, со нападите врз деескалациската зона во Идлиб, зазедоа површина од 100 километри квадратни. Воената опозиција, од друга страна, одвреме-навреме спроведува операции за да ги врати регионите преземени од силите на режимот. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın