свет

Иран го повика Западот да запре со набавка на оружје за арапската коалиција

„Нашите понуди за политичко решение се одбиени. Овој зол циклус мора да престане“

Sibel Uğurlu  | 05.06.2019 - Обновена : 06.06.2019
Иран го повика Западот да запре со набавка на оружје за арапската коалиција

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, ги повика западните земји да запрат со обезбедување оружје на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која во изминатите четири години води војна против бунтовничката група на Хусите во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зариф на социјалната мрежа Твитер ја критикуваше коалицијата, која продолжи да врши операции против Хусите заедно со Владата на Јемен во Аден.

„Западната јавност и законодавните тела бараат да се стави крај на хуманитарната катастрофа, односно на саудиско-емиратската војна во Јемен“, изјави тој.

„Но, нивните влади обезбедуваат сè повеќе оружје што се користи за извршување воени злосторства“, изјави иранскиот министер за надворешни работи.

„Повторно, нашите понуди за политичко решение се одбиени. Овој зол циклус мора да престане“, додаде тој.

Од 2015 година, една година откако Хусите зазедоа поголем дел од Јемен, коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна со напади врз бунтовничките позиции низ осиромашената земја, предизвикувајќи голем број цивилни жртви и уништвувајќи ја инфраструктурата во земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.