Hakan Çopur
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД), веднаш по убиството на Џамал Кашоги, на некои американски компании им дозволила да споделуваат чувствителни нуклеарни информации со Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Изјавата на сенаторот на Вирџинија, Тим Каин, дека администрацијата на Трамп споделила значајни нуклеарни информации со Саудиска Арабија, привлече големо внимание на јавноста во САД.
Сенаторот Каин истакна дека видел документи кои покажуваат дека 16 дена по убиството, на 18 октомври 2018 година, администрацијата на САД „на некои американски компании им дозволила да споделуваат чувствителни нуклеарни информации со Саудиска Арабија“.
Каин, таа привилегија дадена на Саудијците, кратко време по убиството на Кашоги, што привлече внимание во светската јавност, ја опиша како многу вознемирувачка.
Тој, исто така, истакна дека привилегијата ги става под притисок и властите во Ријад и во Вашингтон.
Каин наведе дека американската администрација на 18 февруари 2019 година му дала на Ријад во однос на нуклеарните информации уште една привилегија и дека процесот мора да биде отворен пред јавноста.
- Од 2017 година наваму одобрени се 7 овластувања -
Познато е дека во рамките на „преговорите за нуклеарна моќ“ помеѓу САД и Саудиска Арабија, што продолжуваат од 2017 година, на американските компании досега им се дадени 7 овластувања и во тие рамки се разменуваат нуклеарни информации меѓу двете земји.
Во процесот на изградба на своите први два нуклеарни реактори, Саудијците од САД, покрај технолошка поддршка, добивале и поддршка од информации. Министерството за енергетика на САД досега со јавноста ги нема споделено деталите за таа соработка.
На 2 октомври 2018 година, саудискиот новинар Џамал Кашоги беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Администрацијата на Трамп соопшти дека саудискиот принц, престолонаследникот Мухамед бин Селман, не е вмешан во убиството. Тоа пак, предизвика реакција внатре, во земјата, и во меѓународната јавност.