Hamdi Yıldız
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
РАМАЛА (АА) - Во напад на група еврејски доселеници на Западниот Брег, убиена е 45-годишната Палестинка Аисе Мухамед Ради, јавува Anadolu Agency (AA).
Еврејските доселеници со камења нападнаа Палестинци во еден автомобил во јужниот дел на Наблус. Повреден е и сопругот на Палестинката кој се наоѓал во истиот автомобил. Палестинката е тешко повредена во главата, но и покрај напорите на лекарите, таа им подлегна на повредите во болницата.
Според палестинските извори, повеќе од 700.000 еврејски доселеници живеат во 196 населби (изградени со дозвола на израелската Влада) и во повеќе од 200 населби (изградени без дозвола) на подрачјето на окупираниот Западен Брег.
Израелската политика во врска со изградбата на еврејските населби се смета за главна препрека за продолжување на мировните преговори меѓу Палестина и Израел кои се прекинати во 2014 година.