Safiye Karabacak
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ГАЗА (AA) - Најмалку 7 Палестинци загинаа, а 154 се ранети во текот на мирните демонстрации „Голем марш за враќање“, на границата со Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за здравство на Палестина, Ешреф ал Кудра, потврди дека израелските војници на различни подрачја во Појасот Газа отворија оган на Палестинците и дека загинаа 7 лица. Меѓу смртно настраданите е и 17-годишниот Ахмед Ахмед Ебу Наим.
Кудра истакна дека 5 Палестинци се здобиле со телесни повреди, а меѓу ранетите се и 50 малолетници и 10 жени.
Изралескиот министер за одбрана нареди да се запре испораката на горива на Појасот Газа.
Палестинците од 30 март на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации под називот „Голем марш за враќање“.
Израелските војници против цивилите кои бараат враќање на територијата од која се протерани и укинување на блокадата воведена во 2006 година на Газа, користат муниција.
Во интервенцијата на израелските војници, за време на демонстрациите од 30 март, убиени се повеќе од 200 Палестинци, додека илјадници се ранети.