Sinan Doğan
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
БОГОТА
Девет лица го загубија својот живот во рушењето на мал авион во Доминиканската Република, островска земја на Карибите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека се срушил мал авион додека итно слетувал на Аеродромот „Лас Америкас“ во главниот град на земјата, Санта Доминго.
Во авионската несреќата животот го загубија 9 лица, од кои 7 патници и 2 лица од екипажот.
Се истакнува дека авионот полетал од Меѓународниот аеродром „Ла Изабела“, со цел да патува кон американската сојузна држава Флорида.
Започната е истрага за утврдување на причината за несреќата.