свет

Детската популација во Јапонија се намалува веќе 41 година

Министерството за внатрешни работи и врски на Јапонија, по повод 5 Мај - Денот на детето, го соопшти бројот на детската популација во земјата.

Ahmet Furkan Mercan  | 05.05.2022 - Обновена : 05.05.2022
Детската популација во Јапонија се намалува веќе 41 година

ТОКИО (АА) - Детската популација во Јапонија се намалува веќе 41 година и достигна бројка од 14.650.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за внатрешни работи и врски, по повод 5 Мај - Денот на детето, го соопшти бројот на детската популација во земјата.

Според овие податоци, бројот на лица до 14 години во земјата е намален за 250.000 во однос на претходната година и достигна бројка од 14.650.000.

Детската популација постојано се намалува во текот на изминатите 41 година.

Според последните податоци, во Јапонија има 3,23 милиони луѓе на возраст 12 - 14 години, 3,13 милиони на возраст 9 - 11 години, 3 милиони на возраст 6 - 8 години, 2,78 милиони на возраст 3 - 5 години и 2,51 милион деца под 2-годишна возраст.

Според последната статистика, детската популација во земјата изнесува 11,7 отсто.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın