Ekip
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека останува посветен на продолжување на неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се најде мирно решение за украинскиот конфликт, јави германската новинска агенција ДПА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вторникот со Путин за ситуацијата во Украина разговараше претседателот на Франција Емануел Макрон во вторникот.
На прашањето дали има и соодветни планови, Шолц се осврна на претходните бројни разговори со претседателите на Украина и Русија, велејќи дека тоа е вистинската работа.
„И секако дека ќе продолжам. Но ситуацијата е таква каква што е и не смееме да имаме илузии околу нештата што се случуваат во моментов“, рече Шолц.
„Рускиот претседател сѐ уште се стреми кон цел која е неприфатлива и погрешна“, додаде Шолц.
„Мирот може да се постигне само ако Русија се согласи да потпише договор со Украина што го поддржува Киев. Диктиран мир нема да успее“, рече тој.
Канцеларот ја нарече ситуацијата „непроменета, заканувачка“ и „драматична“ и го повика Путин да ги прекине непријателствата.
„Русија треба веднаш да ги замолчи пушките“, рече тој.
„Оваа брутална војна на агресија против Украина е целосно погрешно пресметана од Путин“, рече Шолц и додаде „Бидејќи она што тој [сега] го добива е посилно НАТО, посилна организација за безбедност, исто така и во источните земји од областа на НАТО.“
„Она што го има е обединета Европска Унија и многу земји во светот кои дејствуваат заедно; демократии кои организираа сеопфатен пакет санкции за да ја натераат Русија да разбере дека треба да стави крај на оваа војна.“