Riyaz Khaliq Khaliq
24 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Лекот кој го развија научници во Јапонија за лекување на Алцхајмеровата болест е исто така ефикасен и против невродегенеративното заболување амиотрофична латерална склероза (АЛС), покажува најновото откритие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Такео Като, шеф на Истражувачкиот центар за третман на амитрофична латерална склероза на Националната болница „Јамагата“, рече дека новиот лек кој ќе работи на протеинот акумулиран во мозокот и ’рбетниот мозок е прв од ваков вид, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“.
Лекот е откриен на североисточниот јапонски Универзитет „Јамагата“.
Смртоносната болест, исто позната како Болест на Лу Гериг, е прогресивна болест на нервниот систем која влијае на нервните клетки во мозокот и ’рбетниот мозок, предизвикувајќи губење на контрола на мускулите. Наречена е по американскиот бејзбол играч Лу Гериг кој бил дијагностициран со таа болест.
Оние кои ја имаат болеста, ја губат способноста да одат, зборуваат, јадат и на крајот да дишат, бидејќи болеста ги убива моторните неврони, предизвикувајќи ослабнување на мускулите и можна парализа.
Japanese scientists conducted successful tests on mice to curb the aggregation of proteins with lab-grown ALS.
Јапонските научници спроведоа успешни тестови на глувци за да се спречи насобирањето на протеини кај лабораториски креираната амиотрофична латерална склероза.
Експериментот бил спроведен на глувци со наследна АЛС, поретко вообичаен тип, а истражувачите сега ќе работат на глувци со почестата ненаследна форма на АЛС.
Клиничките испитувања на луѓе се очекува да започнат во 2024 година.
Јапонија има околу 10.000 луѓе кои боледуваат од АЛС, додека помеѓу 1.000 до 2.000 луѓе се дијагностицираат со оваа болест секоја година.
Алцхајмеровата болест, најчестата причина за деменција, се смета дека е предизвикана од наталожување на протеински фрагменти наречени бета-амилоиди и извртени влакна на друг протеин наречен „тау“ во мозокот, според Здружението за Алцхајмерова болест.